Арачиновец нападнал полицајци во Липково
Жител на скопското село Арачиново навредувал и нападнал полицајци во Липково, затоа што откриле дека нема возачка дозвола и колата не му е регистрирана.
Нападот се случил вчера во 18.00 часот, на крстосницата за влезот во село Липково, кога при контрола и легитимирање, двајца полицики службеници сопреле патничко возило „Ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (39) од с.Арачиново.
При контролата полицајците утврдиле дека возачот не поседува возачка дозвола и дека возилото не било регистрирано.
Кога му соопштиле дека за овие прекршоци ќе му биде поднесена соодветна пријава, С.С. почнал да ги навредува, да им се заканува и да ги влече за униформите полициските службеници.
С.С. бил приведен во Полициското одделение Матејче, а по целосно документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.