Авионска дезинсекција во Куманово
23.09.2015 09:19
| KumanovoNews
Утре во утринските часови од 5 до 8 часот ќе се изврши авионска адултна дезинсекција на поплавените подрачја по течение на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Се известува населението и се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 34 часа по третирањето на даденото подрачје.