Авионско прскање против комарци во Куманово
14.06.2018 12:17
| KumanovoNews
Авионско прскање против комарци ќе се изврши во сабота (16.06) во раните утрински часови на територијата на Општина Куманово.

Од Општина Куманово ги известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден.