Автобускиот сообраќај отежнат и со задоцнување

16.12.2010 13:03 | KumanovoNews

 Автобусите на автопревозните претпријатија Југ Турист, Штуз, Оли Травел и Јоцо-турс во градскиот, приградскиот и локалниот сообраќај се одвива во отежнати услови и со задоцнување поради неисчистените патишта и улици од снег.

Автобускиот сообраќај отежнат и со задоцнување

 Најкритични се планинските села каде линиите во целост се прекинати. Селата Никуљане, Татариновац, Челопек и Арбанашко се без автобуски превоз затоа што патиштата се затрупани со снег- велат од претпријатието Јоцо Турс.

Од Оли Травел кажуваат дека поради интензивните врнежи од снег проблеми има во градскиот превоз на стрмните улици во населбите Гоце Делчев, Перо Чичо и селото Тромеѓа. На другите линии сообраќајот се одвива отежнато.

Автобусите за Скопје и кумановските села, на претпријатијата Штуз и Југ Турист предпладнето ги покриле сите линии, но поради снегот на патиштата доцнат до 30 минути.

 Поради изведување на градежни работи на патот граниен премн Табановце Куманово се препорачува повнимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива отежнато во зимски услови поради интензивни врнежи од снег и остатоци на коловоз, дополнително отежнување се и ниските температури поради кои има појава на голомразица. На возачите им препорачуваме внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози. Крајна внимателност и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони. Интензитетот на сообраќајот е умерен на патните правци надвор од градските средини.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk