Автомобил удрил во шестгодишно девојче
31.07.2020 11:34
| KumanovoNews
Шестгодишно девојче е удрено од автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Несреќата се случила вчера во 10.20 часот, кога патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско.
По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.