×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

    12.07.2020 21:41 | KumanovoNews

     Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на изборите, 15 јули, во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којаграѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

    Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

    Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

    Покрај на бесплатната линија, достапни ќе бидат и телефонски броеви за Тетово: 044 344-082, за Струмица: 034 329- 996, за Кичево: 045 228-586, за Битола: 047 242-310, за Штип: 032 389-701 и за Куманово: 031 431-488.

    „Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање“, соопшти канцеларијата на Омбудсманот.