Мени

Полицаец прободен со нож во Кратово, се бара притвор за напаѓачот

14.09.2026 19:35 | KumanovoNews

Жител на Кратово е осомничен дека нападнал и повредил полицаец додека бил на должност.

 

Полицаец прободен со нож во Кратово, се бара притвор за напаѓачот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 40-годишник од Кратово, на 11 септември, нападнал службено лице при вршење работи на јавната безбедност, кои се однесуваат на спречување кривично дело, при што на полицискиот службеник му нанел тешка телесна повреда. Кога двајца полицајци употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. На еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина“, соопшти ОЈО Куманово.

Поради опасност од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.