Мени

Без петарди за Нова година

26.12.2009 12:18 | KumanovoNews

Одделението за превенција при СВР Куманово ги повикува граѓаните да е се воздржат од употреба на оружје и пиротехнички средства за време на  Новогодишните и Божиќни празници.

Без петарди за Нова година

Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место, представува општа опасност, со која се  загразува сигурноста на сите граѓани и представува кривично дело и прекршок, кој е санкциониран со позитивните законски прописи - се вели во апелот.

Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје и пиротехнички средства ќе се преземаат предвидените законски мерки.