Без струја делови од градот и неколку села
15.02.2018 08:18
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во делови на градот и неколку села во општините Куманово и Старо Нагоричане.

Од ЕВН добивме писмено известување дека планирани прекини во дистрибутивниот систем за денеска (15.02.) ќе има од 08 до 11 часот на ул. Димитар Влахов.
Од 11 до 15 часот дел од ул. 19. Ноември, од 09 до 15 часот дел од ул. Благоја Илиев – Гуне, 08 до 15 часот селата: Агино Село, Романовце и Брзак.
За утре(16.02.)планирани прекини во дистрибутивниот систем ќе има од 08 до 15 часот дел од селата Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, маалите Ѓорчевци, Бузинци и Пркинци.