Без струја повеќе села во кумановскиот реон
15.06.2018 08:49
| KumanovoNews
Без напојување со електрична енергија денеска ќе останат повеќе села во кумановско-липковскиот регион.

Според известувањето од ЕВН без стуја се потрошувачите од селата: Студена Бара, Пчиња, Бабин Дол, Биљановце, Винце, Вaкв, Железничка Станица, Черкезе, Љубодраг, Ропалце, Ново Село, Умин Дол и Гошинце.
Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите и непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.