Без струја повеќе села во Старо Нагоричане
29.05.2018 06:24
| KumanovoNews
Денеска без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе населени места во Општина Старо Нагоричaне.

Според ЕВН, планирани прекини на електричнa енергија во периодот од 09.30 до 11.30 часот ќе има во дел од селата: Драгоманце, Жегљане, Дејловце, Рамно, Пелинце, Никуљане, Коинце, Чолопек, Алгуње, Стрновец и фабриката Бонум.