Без вода 6 улици во градот
16.04.2018 07:17
| KumanovoNews
Потрошувачите на вода на шест улици во градот денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Според надлежните од ЈП „Водовод“, поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат: улиците Скопска, Карадачки Одреди, Ристо Романовски, Јован Поповиќ, Никола Тесла и улица 425.