Без вода осум улици во градот
30.08.2018 07:42
| KumanovoNews
Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на осум улици во Куманово.

Според информацијата од ЈП „Водовод“, од водоснабдителниот ситем ќе бидат исклучени улиците: „Михајло Пупин“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Димковски“, „Бранко Радичевиќ“, „Стеван Филиповиќ“, „6-ти Април“, „Боро Соколов“ и „Ленинова“.