Босанска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“
08.10.2015 08:27
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, УГДУ „Талија“ од Тузла, БИХ ќе ја изведе претставата “Државен лопов“ во рамки на фестивалот „Денови на комедија Куманово 2015“.

Комедијата е работена по текст на Фадил Хаџиќ, во режија на Томислав Крстиќ, а сценографијата е на Сеад Хоџиќ-Хис. Во претставата играат: Ненад Томиќ, Решад Барчиќ и Миленко Иликтаревиќ. Оваа комедија и претходно е изведувана на театарски фестивали во балканските земји.