„Бучен Козјак“ добитник на престижната награда “Best Practices”
Кумановската компанија „Бучен Козјак“ е добитник на престижната меѓународна награда за квалитет “Best Practices”.

Наградата ја доделива Европското здружение за истражување на квалитет (European Society for Quality Research), кое минатата недела (12 мај) одржа форум во хотелот Ле Плаза во Брисел.
Во силна конкуренција од 52 држави од целиот свет и 61 компанија, државни институции и невладини организации на „Бучен Козјак„ му беше доделена наградата – “Best Practices” за 2018 година.
Оваа награда се доделува на компании кои имаат најдобри практики и резултати во имплементацијата на квалитетни менаџерски стратегии.
Ова високо признание е меѓународна афирмација за компанијата и за Македонија, но и уште една потврда за квалитетот на производите кој компанијата со години го негува за своите верни потрошувачи.