×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе ги вратиме спортските комплекси на граѓаните, вети Димитриевски

    03.10.2017 14:17 | KumanovoNews

    Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ, на денешната прес-конференција од атлетскиот полигон во Куманово промовираше дел од мерките за развој на спортот, и најави дека Општината ќе ги врати најголемите спортски објекти на граѓаните.

    Ќе ги вратиме спортските комплекси на граѓаните, вети Димитриевски

    „Сакаме да порачаме дека ќе дадеме можност дополнително да се развива спортот во нашата општина. Ќе го решиме горливото прашања со спортската сала во средното училиште „Наце Буѓони“. Ќе ги преиспитаме сите одлуки и директно ќе учествуваме во решавање на судбината на сите спортски комплекси во Куманово, кои во моментов се дадени на концесионери од поранешните власти и дадени на користење, а во нив ништо не се инвестира“,- рече Димитриевски.

    Тој истакна дека како идна власт ќе се вклучат во развојот на спортот и ќе побараат овие објекти да се дадат на општината, почнувајќи од Градскиот стадион, Соколана, спортска сала во Куманово и сите други фудбалски и спортски терени.

    „На овој начин ќе им се даде можност на младите луѓе да дадат свој допринос за развој на спортот и малдите луѓе да водат здрав спортски живот. Но, нема да застанеме тука. Сакаме да продолжиме и со комплетно реновирање на Спомен- костурницата каде што планираме многу зелени површини, шеталишта, трим патеки и урбана опрема“- изјави Димитриевски.

    Истакнатата атлетичарка и спортист на годината Матеја Ефремовска, рече дека е дел од советничката листа на СДСМ, затоа што верува дека ќе се подигне спортот на повисооко ниво и ќе се релизираат сите планирани проекти.

    Димитриевски ја побара подршката на граѓаните, за да во соработка со Владата инвестираат во капитални инвестиции со цел да се промени животот и односот кон спортот во градот.