Ќе го поттикнеме рамномерниот регионален развој, најави Мургашанска
Носителката на советничката листа на СДСМ Атина Мургашанска, на денешната прес конференција на Градскиот плоштад, најави дека општината Куманово, како најголема општина во Североисточниот плански регион ќе го поттикнува рамномерниот регионален развој и ќе остане столбот на балансиран развој на сите делови на регионот.

„Борбата за намалување на разликите и понатаму ќе ја водиме со зголемување на процентот на средствата што по таа основа ќе ни припадне од државниот буџет. Со квалитетни и приоритетни проекти ќе работиме за подигање на благосостојбата и развиеноста на сите општини во Североисточниот плански регион и на сите делови во општина Куманово, - истакна Мургашанска.
Таа додаде дека за таа цел на централно ниво ќе се основа Фонд за поддршка на проектите на општините, кој ќе обезбеди сигурни финасиски средства на капитални инфраструктурни проекти.
„Ќе донесеме директна подршка на домашни и странски фирми, а пред се за малите и средните претпријатија. Ќе обезбедиме еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори. Ќе вложиме во младите, ќе отвориме бизнис кампови, ќе ги здружиме бизнисите, општината и граѓаните, се со единствена цел повеќе и подобро платени работни места. Ќе ја вклучиме бизнис заедницата во дефинирањето на економските приоритети, со одржување на бизнис форуми како редовна активност во следењето на локалниот и регионалниот рамномерен развој, - рече Мургашанска.