Ќе се менува водоводната цевка на „Никола Тесла“
Во тек е изработка на проект за замена на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“.

Ова го кажа директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски, откако советникот Благојче Јаќимовиќ, праша кога ќе се смени старата азбестна цевка, која е поставена 1962 година.
„Оваа цевка пукаше 12 пати последниот месец или 100 пати за последната година, бидејќи е стара и профилот не одговара на потребите на потрошувачите. Од оваа цевка со вода се снабдуваат 2000 домаќинства или 8000 жители, - појасни Јаќимовиќ.
Директорот Стојковски рече дека проектот за замена на водоводната мрежа во должина од 1,2 километри, со комплет приклучоци ќе биде завршен до крајот на месецот, по што ќе биде распишан тендер за избор на изведувач на работите.