×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира патот до граничниот премин Пелинце

    27.11.2017 12:52 | KumanovoNews

     За 4 месеци ќе заврши реконструкција на регионален пат Р1207, Младо Нагоричане - граница Пелинце, во должина од 19 километри.

     
    Ќе се реконструира патот до граничниот премин Пелинце

    Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за Државни патишта отпочна со реализација на проектот за реконструкција на 12 (дванаесет) регионални патни правци со вкупна должина 166 километри.

    Потпишан е договор со проектанска компанија за изработка на концептуални проекти и тие проекти се очекува да бидат завршени за четири месеци.

    Средствата за реконструкција на овие патни правци се обезбедени од Светска банка, а инвестиционата вредност изнесува 14 милиони евра.