×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целовечерен концерт на КУД „Ѓоко Симоновски“

    26.10.2017 07:07 | KumanovoNews

    Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“, вечерва ќе одржи целовечерен концерт, насловен „Пензионерите за својот град“.

    Целовечерен концерт на КУД „Ѓоко Симоновски“

    Гости на вечерта ќе бидат КУД „Лепенац“ од Крагуевац и Здружението на пензионерите од Кочани. Почетокот е закажан за 18 часот во салата на МКЦ „Козјак“ (поранешно кино Козјак).Влезот е слободен.

    Oваа есен КУД „Ѓоко Симоновски“  имаше неколку настапи на домашната и меѓународната сцена, каде прикажаa дел од богатата културо уметничка програма.

    Членовите на Друштвото како верни чувари на традицијата и народното богатство со песни и ора порачуваат дека во третото доба може креативно да се исполни  времето и активно  да се живее. На неодамнешната манифестација „Шопска свадба“  фолкористите изведоа сплет ,,Свадба“ при китењето на младоженецот, средствата што  беа собрани се предадени на организаторот на манифестацијата.