×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за социјални работи блокиран од граѓани кои бараат платежни картички, а не е надлежен да ги издава

    02.06.2020 10:29 | KumanovoNews

    Центарот за социјални работи во Куманово е блокиран од граѓани коишто бараат да им се издаде платежна картичка, мерка којашто не е во надлежност на нивната установа.

    Центарот за социјални работи блокиран од граѓани кои бараат платежни картички, а не е надлежен да ги издава

    Граѓаните секојдневно се собираат пред влезот и на скалите во зградата и го попречуваат нормалното одвивање на работата во институцијата, поради тоа што надлежните побарале помош од полицијата за да го среди метежот.

    Најголем дел од граѓаните не носат заштитна маска и речиси никој не ја почитува мерката за социјална дистанца.

    „Секојдневно на граѓаните, упорно им даваме информации дека не треба дополнително да се евидентираат во центарот, дека не треба да бидат доставени никакви списоци од нашата установа, а ниту пак вршиме дистрибуција на картички.  Центарот за социјална работа нема таква надлежност. Согласно уредбата значи дека Министерството за труд и социјална политика е институција која ги има во евиденција сите евидентирани корисници на гарантиран минимален приход и на право на социјална заштита. Оние коишто влегуваат во ова уредба, ќе бидат доставени до Генерален секретаријат на Владата, од каде што истите ќе бидат проследени до банките во нашата држава, со тоа што банките имаат обврска да ги контактираат лицата и овие платежни картички да им ги достават на домашна адреса“, вели Александра Арсовска, директорката на Центарот за социјална работа.

    Граѓаните велат дека знаат дека не се издаваат тука платежни картички, но дошле да се информираат како да го остварат правото на овој вид на помош.

    „Јас знам дека тука не се издава платежна картичка од 9 илјади денари, ама мојата адреса на личната карта и сега кадешто живеам не е иста. Затоа дојдов за совет, а и многу други луѓе овде се само за информација“, вели една од граѓанките којашто не носеше заштитна маска.

    Од институцијата велат дека поради невозможноста на вработените да се справат со граѓаните, коишто насилно влегуваат во институцијата, тие испратиле барање до МВР заради асистенција и поголема безбедност.
    Од нив, во установата не можат да влезат ни оние кои имаат вистински проблем и им треба стручна или друг вид на социјална помош.

    „Интересот за платежни картички е навистина голем, како на дежурните телефонски линиии, така и во самата институција. Меѓутоа и покрај сите наши напори, наидуваме на сериозни проблеми со нашите граѓани коишто едноставно не ги примаат информациите од нашата страна. Веќе побаравме и интервенција од МВР, бидејќи имаме и обиди за насилно влегување во институцијата. Почнаа и да се закануваат на вработените. Ниту можеме да влеземе, а ниту да излеземе од установата“, посочува директорката Aрсовска.

    Таа апелира до граѓаните да ги следат насоките од Владата, да ги почитуваат мерките и да не прават непотребен метеж, кој го загрозува нивното и здравјето на останатите граѓани.

    (Ф.Марковска)