Честитка од градоначалникот за Денот на независноста
08.09.2017 08:53
| KumanovoNews
Градоначалникот Зоран Дамјановски, упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод Денот на независноста на Република Македонија.

„Во свое име и во името на локалната самоуправа, ви го честитам Денот на независноста. Македонскиот народ денеска живее во слобода, суверена и самостојна држава, и ја одбележува 26-годишнината од својата независност. По тој повод, ви посакувам иднина исполнета со среќа, единство и слобода, - стои во честитката на Дамјановски.