×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба

    23.10.2017 08:35 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, на сите граѓани им го честита 23. Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

    Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба

     „Денеска, на 23-ти Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестемина Македонци сплотени ја создадоа Првата семакедонска организација, која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава.

    Сите заедно треба  да сме горди на основачите на македонската револуционерна организација, кои  преку својата посветеност и положените животи ги претвориле своите идеали во наша реалност. Благодарение на нив, ние денес постоиме како независна држава. Нивниот пример треба да ни биде водилка за иднината. Саможртвата на генерации македонски херои остана аманет за идните генерации.

    Денес кога живееме во слободна и независна Македонија ја имаме обврската и аманетот кон нашите херои  да продолжиме по патот на развојот и  напредокот и да си ја сочуваме татковината.

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на сите граѓани им посакува празничниот ден да го поминат во мир и надеж за подобро утре“, - стои во честитката.