×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на народното востание

    10.10.2017 09:44 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на своите сограѓаните им го честита  празникот 11 Октомври - почетокот на големото Народно востание.

    Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на народното востание

    „Славејќи го почетокот на Народното востание, граѓаните на Куманово си спомнуваат за плодоносниот придонес на кумановците во втемелувањето на македонската државност преку Народноослободителната војна.

    Пред 76- години  нашите сограѓани немаа дилема храбро да застанат , рамо до рамо со останатите македонски сонародници, во герилска борба  и да се спротивстават на ветениот - праведен, а во суштина - поробувачки поредок.

      Водени од историски, блиското, илинденско искуство и комитската револуционерна традиција  притоа  одзивајќи се на одекот од Карпошовото востание, кумановските партизани ја заслужија привилегијата, како нови карпошовци, преку вториот Илинден - АСНОМ, да се запишат во темелите на современата македонска република.

    Непокорот и истрајноста се испишан крвав завет на кумановските борци  како единствена вистина за црвено Куманово и како најдобро оружје против премрежијата  на нашата генерација  и на генерации кои доаѓаат !  Наша должност е да го чуваме споменот  на храбрите борци  кои ги дадоа своите животи  за да ние денес имаме наше парче земја, наша татковина.

    За многу години нека е празникот и Македонија вечна!“, - стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.