Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на ослободувањето на Куманово
11.11.2017 10:47
| KumanovoNews
Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на сите свои сограѓани им го честита 11-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово !

„На 11-ти Ноември во далечната 1944 година во Куманово свечено беа пречекани нашите херои кои своите животи ги ставија во рацете на татковината, носени од стремежот за слободна татковина, како и од копнежот за националниот идентитет и интегритет. Тие покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја, а тоа е сите ние да живееме во слобода.
Затоа на овој ден да им одадеме почит на сите оние херои кои ги дадоа своите животи за да ние денес живееме слободно. Нивната жртва треба да ни биде аманет нам и на идните генерации да се сеќаваме на нив и да си ја сочуваме слободата и независноста. Денеска Куманово е слободно и празнува .
Нека ни е честит и вековит овој голем ден за сите нас!, - стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.