Чевларите ќе го прослават Денот на занаетчии
Со повеќе активности Здружението на чевлари Куманово ќе го одбележи Денот на занаетчии Св. Спиридон.

Прославата ќе започне викендов во рестораните на градот, каде сопствениците ќе организираат забави за своите вработени, а ќе продолжи во понеделник на самиот ден.
„Во 8 часот ќе сечеме колач во црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Биљановце, а потоа ќе се изврши примо-предавање на кумството за наредната година. Во Домот на занаетчии во 12 часот ќе се организира прием на кој ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа, министерствата, Стопанската комора, гости од другите градови и наши пријатели, - вели Лидија Милановска, претседателка на Здружението на чевлари.
Таа најавува дека наредната година ќе преземат повеќе активности за промоција на чевларството, како што е саемската манифестација денови на чевли, која би траела три дена а покрај фирмите од Куманово и државата ќе учествуваат и нивни бизнис партнери од балканските земји.