Цивил: Сплотеноста и определба за соживот на кумановци -пример и во европски рамки
Граѓанките и граѓаните на Куманово и Република Македонија покажаа невидена зрелост и мудрост, сплотеност и определба за мултикултурализам и соживот, кој може да послужи како пример и во европски рамки, наведува невладината организациоја Цивил

Денот на победата над фашизмот, кој воедно е и Денот на Европа, за жал, е ден на трауматичното сеќавање на граѓанките и граѓаните на Куманово и на цела Македонија. Тоа е ден кога започна 48-часовната војна во кумановско Диво Насеље, жесток судир со вооружена криминално-терористичка група. Во пресметките загинаа осум припадници на полицијата, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ .
Тој доддаде дека овој настан го следеле недоречености и мистерии околу прашањата кои се однесуваат на организаторите и мотивите за овој тежок безбедносен предизвик за земјата.
„Граѓанките и граѓаните на Куманово и Република Македонија покажаа невидена зрелост и мудрост, сплотеност и определба за мултикултурализам и соживот, кој може да служи како пример и во европски рамки, тие не подлегнаа на предизвикот да се закрват со своите соседи на етничка и верска основа. Оддолеаа на овој атак на македонското општество и мултикултурилозмот“, - додаде Дерала.
Токму затоа овој 9 Мај, ЦИВИЛ одлучил да го прослави во Куманово, европските и светските цивилизациски вредности, со кои се промовираат човековите права и слободи, демократијата, еднаквоста, социјалната правда и владеењето на правото.
„Ова е ден кога треба да се потсетиме на ужасите кои може да ги донесат војната и поделбите и кога на неправдата треба да одговориме со повик за заедништво и почитување на човековото достоинство и правото на живот. Овие вредности не се административна мерка, туку се суштината на политичката култура и цивилизациски дострели кон кои мораме да се стремиме како општество“, - заврши Дерала на одбележување на Денот на Европа, со панел дискусија во Куманово, на тема „Диво Насеље, три години потоа...“.
Пналеисти беа и градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Атина Мургашанска, Флоријан Реџепи од ЦИД и Авди Авдиу, граѓанин од Куманово.