Црвен Крст ќе ја одбележи Неделата за грижа на стари лица
17.11.2015 10:19
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен Крст од Куманово од 23 до 29 ноември со повеќе активности, ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица.

Волонтерите ќе се дружат со пензионерите, ќе го посетат Домот за стари лица “Зафир Сајто“, ќе делат фалери на плоштад и ќе се одржи акција за мерење на притисок и шеќер во крвта за старите лица. Оваа година мотото на Неделата за грижа на старите лица е “Сите сме нивни деца„, а целта е да се подигне свеста за грижата за старите лица.
Во светот популацијата старее, а истото се случува и во Македонија каде 15 отсто од вкупното население се стари луѓе на возраст над 60 години.