Црвен Крст Куманово ќе ја одбележи Неделата на гладта
16.10.2015 08:34
| KumanovoNews
По повод Недела на гладта која трае од 16 до 22 октомври, општинската организација на Црвен Крст од Куманово организира кампања под мотото „Помислете на нас“.

Волонтери ќе собираат доброволен прилог во компаниите низ градот, а со собраните средства ќе бидат набавени пакети со храна за сиромашните граѓани. Во рамки на Неделата на гладта треба да се подигне свеста за сиромаштијата и како да се најдат начини да се помогне на оваа категорија на луѓе.