Црвен Крст организира поетско читање
23.09.2015 12:22
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен Крст од Куманово во понеделник организира поетско читање, за одбележување на Неделата за промоција на хумани вредности која трае од 21 до 27 септември.

Поетското читање ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 18 часот. Поезија ќе читаат поети и волонтери. Целта е да се промовираат хуманите вредности, културата во град Куманово, ненасилство и мир.