Да се постави атмосферска канализација на влезот во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ
12.09.2017 12:40
| KumanovoNews
На влезот на Куманово, зад бензинската станица на МАКПЕТРОЛ, синоќешниот дожд создаде вештачко езеро од кое граѓаните не можат да поминат.
ВМРО-ДПМНЕ бара локалната самоуправа да постави атмосферска канализација во тој дел на градот.
„Срамно е за град како Куманово во 21 век граѓаните секојдневно да се среќаваат со ваков голем проблем. Влезот на градот е приоритет за секоја општина, но за жал не и за општина Куманово. Влезот на градот треба да биде огледало на градот и да биде убаво уреден, со цел да остави впечатлива слика кај туристите“,-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.