×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: „Пелинска“ ќе ја асфалтираме наредната година

    20.10.2015 13:10 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски рече дека денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ е обид во секој аспект да се нападне локалната самоуправа.

    Дамјановски: „Пелинска“ ќе ја асфалтираме наредната година

    За ВМРО-ДПМНЕ рече дека се фатени на дело во сите сфери и сега се принудени да се бранат, а за улица “Пелинска“ одговори дека ќе се асфалтира следната година.

    Јас сум свесен дека таа улица има проблеми, меѓутоа во договор со граѓаните од таа улица бидејќи таму во моментов се гради еден голем станбен објект, по низа процедури во изминатите неколку години сега е во фаза на изградба и се надевам дека во тек на првата половина на наредната година ќе биде заокружен тој процес. Ние имаме проектна документација за канализација, и таа улица е оставена од одамна, но ќе биде завршена - кажа Дамјановски.

    Тој вели дека се работи за мала инвестиција и улицата ќе биде направена. Дамјановски очекува ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со напаѓање и  рече дека ќе даде одговор на сите отворени прашања. Наведе дека сите ја знаат тешката состојба во која се наоѓа општината и очекува подобрување.