Мени

Дарко Милковски го фати крстот во Драгоманце

20.01.2016 10:16 | KumanovoNews

Младиот Дарко Милковски од село Добрача вчера на празникот Богојавление-Водици го фати крстот во селото Драгоманце.

Дарко Милковски го фати крстот во Драгоманце

Традиционално и оваа година на празникот беа осветени водите на реката Пчиња. Средношколецот  Милковски се надева дека во 2016 година ќе има среќа и бериќет. На среќниот фаќач на крст од локалната самоуправа  му посакуваат многу здравје и среќа оваа година, а воедно му беа врачени и награди.