Деца од „Синоличка“ положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев
Во пресрет на празникот 11 Октомври, деца од големата група од градинката „Синоличка“ денеска положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Панче Пешев, во дворот на истоименото училиште.

Од „Синоличка“ велат дека секоја година го практикуваат истото, за да му оддадат почит на херојот и да ги поттикнат патриотските чувства кај децата.
“Кај децата ги развиваме патриотските чувства и љубовта кон нашата татковина Република Македонија. Децата покажуваат интерес за историјата. Со положување на цвеќе и поклонување сакаме да му се заблагодариме затоа што се борел за да живееме во слобода и мир“ - рече Светлана Спасовска, воспитувач во “Синоличка“.
Воспитувачките пред децата ги споделија најважните податоци за ликот и делото на Панче Пешев.