Дел од „Ѓорче Петров“ утре ќе биде непрооден
16.09.2015 12:36
| KumanovoNews
Неасфалтираната површина од улицата „Ѓорѓе Петров“, утре ќе биде непроодна од 6 до 18 часот, информираат од општина Куманово.
Поради појава на одрони близу семејни куќи на овој дел од улицата зад место викано Коки проширење, ќе се извршат гео-истражувачки работи. Патот ќе биде непрооден бидејќи ќе биде поставена машина за гео-истражувачки работи.