Мени

Делови од Куманово и околните села утре и во наредните денови без струја

25.05.2026 08:02 | KumanovoNews

Повеќе улици во Куманово и неколку села во општината утре и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.

Делови од Куманово и околните села утре и во наредните денови без струја

Утре (вторник), во периодот од 10 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ленинова“, поточно од „Градска пивница“ до улицата „Доне Божинов“.

Во среда, од 8:30 до 14 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на дел од улицата „Србо Томовиќ“, дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње, како и на улицата „Милан Лисица“.

Истиот ден, од 9 до 15 часот, без струја ќе останат жителите на село Алгуња, во маалото Татариновац, Општина Старо Нагоричене.

Во четврток, од 9 до 11 часот, прекин е најавен за целото село Винце, а истото село повторно ќе биде без електрична енергија и во петок во истиот термин, од 9 до 11 часот.

На 1 јуни, од 8:40 до 13:30 часот, прекин ќе има во населбата Карпош во Куманово, на улицата „100“, стариот Паланечки пат по месноста Бара и на сите улици кои гравитираат кон улицата „100“. Во истиот период без струја ќе бидат и делови од населбата Карпош околу улицата „1“, Никуљски пат по месноста Бара и околните улици.

На 3 јуни, од 8:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат селата Никуштак, Виштица и Матејче.