×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Демолирале ресторан и тепале гости заради судски процес

    02.01.2018 10:21 | KumanovoNews

    Две лица се повредени кога насилници демолирале ресторан во Слупчане и барале од сопственикот да се повлече од судски процес.

    Демолирале ресторан и тепале гости заради судски процес

    Инцидентот се случил во новогодишната ноќ, околу 01.20 часот во ресторан во с.Слупчане, сопственост на Р.М. (22) од с.Лојане, кога влегле шест лица (едниот бил познат на сопственикот) и седнале на маса. По кратко време, почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан.

    Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата.

    Истовремено едно од  лицата земало чаша со која го удрил А.Г.(39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово.

    На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово.

    Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

    Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.