Денеска без струја десетина кумановски села
10.09.2015 07:42
| KumanovoNews
Утрово без напојување со електрична енергија се десетина кумановски села.

Струја немаат жителите на селата Опае, Лопате, Љубодраг, Умин Дол, Ново Село, Ропаљце, Гошинце и Лукаре, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.