Денеска и утре повеќе села без струја
08.08.2018 07:18
| KumanovoNews
Поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енерија, денеска и утре без струја ќе останат потрошувачите на неколку населени места во општините Куманово, Старо Нагоричaне и Липково.

Од 9 до 12 часот струја ќе нема дел од селото Пчиња, додека во периодот од 8 до 15 часот дел од Пелинце, Враготурце, Коинце, граничен премин Пелинце.
Утре (9. 8.) во периодот од 8 до 15 часот снабдувањето со електрична енерија ќе биде прекинато во селата Липково, дел од Гошинце, Лукаре, Стрима и Пресница.