Денеска сончево и многу топло
04.07.2018 08:38
| KumanovoNews
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8 Т-мин. од 12 до 19, а т-макс. од 27 до 33 степени, информираат од УХМР Македонија.
До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.