Денеска започнува есента
23.09.2015 09:30
| KumanovoNews
Денеска во 10 часот и 21 минута по средноевропско време, на северната хемисфера започнува есента.

Овој ден е познат како есенска рамноденица, односно денот и ноќта траат подеднакво. Поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго, а вистинската рамноденица со по точно 12 часа ќе биде во петокот. Во исто време кога кај нас почнува есента, на јужната хемисфера започнува пролетта, а овој ден се нарекува пролетна рамноденица. Есента ќе заврши на 22 декември во 5 часот и 48 минути.