×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денот на независноста одбележен на Спомен костурницата во Куманово

    08.09.2024 16:46 | Оливера Пешевска

    На Спомен - костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово денеска свечено беше одбележан 8 Септември - Ден на незвисноста на Македонија. 

    Денот на независноста одбележен на Спомен костурницата во Куманово

    На настанот присуствуваа делегации на општината, локалната самоуправа, партии, здруженија, установи и институции, кои положија цвеќе пред споменикот.

    Пред присутните се обрати претседателката на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

    „Ова генерација на политичари ќе биде најодговорна за иднината на Македонија. Или ќе продолжиме да се делиме, етнички, партиски, верски, или професионални и обучени кадри ќе ги прогласиме за најголеми патриоти. Професиналност, одговорност и отчетност, според мене, се најголемите патриотски обележја. Лесно е да се пеат патриотски македонски, српски и албански песни, ама херојство е да се помогне на државата во која живееш. Не се сомневам во капацитетот на моите сограѓани, особено на младите- тие треба да си ја сакаат, да се вградат во државата за да си ја почитуваат. Каде има поубаво место од ова наше топло, македонско тло. Ова е мојот дом и останувам тука за навек. Почитувани нека ни е среќен и вековит 8 Септември- Денот на независноста на Македонија“, потенцираше Ѓорѓиевска.

    Единствен страв, како што потенцираше таа, треба да ни бидат внатрешните непријатели- корупција, неказнивост и премногу голема етничка поделеност.

    Прославата беше збогатена со ригодна културно-уметничка програма. Гост беше оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски кој ја изведе националната химна.