Денови на комедија по 21. пат во Куманово
Драмски театар Скопје, со претставата „Како да ограбиш банка“, ќе го отвори годинешново - 21 издание на манифестацијата Денови на комедија во Куманово.
Годинава ќе се бидат прикажани 14 комедии од 2. до 18. октомври, од театрите во земјава, Србија, Бугарија, Ерменија и Црна Гора.
- Направивеме одличен избор на претстави, кои се надевам ќе бидат на задоволство на публиката. Интересот е голем, а тоа се гледа и од тоа што 99 отсто од билетите беа распродадени во првите 2-3 дена. Фестивалот секоја година добива на квалитет и тоа ќе биде наша интенција и во наредниот период, - изјави директорот Сашо Тодоровски.
На програмате ќе бидат претставите: „Вдовицата се мажи“ од Велешкиот театар, „Умри машки“ Штипски театар, Жена ми се вика Борис, Тетатар комедија Скопје, „Се зборува по градот“ Продукција ГМР Белград, „Вкус на медот“, Ерменски театар, „Кец на десетка“, МНТ, „Тарапевти“, Сатиричен театар Софија, „Свиња“, Продукција Траг-Белград, „Забрането смеење“, Струмички театар, „Наопаку“, Албански театар Скопје, „Веќе не те познавам“, Ромски театар „Птици“, Куманово, „Урнебесна трагедија“ Црногорско народно позориште.
Традиционално како и секоја година фестивалот ќе го затвори претстава на Кумановскиот театар.
- Нашата комедија е „Мани, мани, мани“, според текст на Реј Куни, во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Во претставата играаат: Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Јасмина Василева, Нина Максимова и Мирослав Петковиќ, - изјави Симона Тоскиќ, портпарол.
Селекцијата на претставите за фестивалот ја вршел програмскиот совет во состав: Благоја Чоревски, Жика Крстевски, Влајко Стојчевски, Ќазим Ибраими и Сашо Тодоровски.
Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Куманово, за што се одобрени 1,1 милиони денари.
Сите претстави ќе се играат во големата сала на Центарот за култура, а почетокот е во 20 часот.