Дератизација против глувци на територија на општина Куманово
03.10.2015 10:51
| KumanovoNews
Дератизација против глувци ќе се изврши во понеделник на територија на општина Куманово.

Третманот ќе се направи со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат - информираат од општината.
Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае во наредните два дена.