Десетина минути прекинато гласање на едно избирачко место во Куманово
15.10.2017 17:37
| KumanovoNews
Граѓанската организација МОСТ регистрирала неправилност при гласање на едно избирачко место во Куманово.

На гласачко место 1042/1, општина Куманово, избирачкиот одбор по грешка издал 2 ливчиња за избор на совет. Била повикана Општинската изборна комисија и е направен записник. Гласањето било прекинато околу 10-ина минути, информираат од МОСТ.