Детска градинка до училиштето “Толи Зордумис“, вети Ѓорѓиевски
Изградба на детска градинка во дворот на основното училиште „Толи Зордумис„ во Куманово, најави кандидатот за градоначалник на колацијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

“Тука сме да најавиме дел од нашата програма, која се однесува на изградба на детски градинки, доколку дојдеме на власт во Куманово. Една од предвидените е покрај училиштето „Толи Зордумис“ на просторот зад спортската сала, бидејќи е насушна потреба за младите жители во околината на училиштето. Градинката ќе има капацитет од 150 до 200 деца. Останатите градинки се во населбите Карпош и Перо Чичо, додека во населбата Гоце Делчев ќе бидат проширени постоечките капацитети на градинката“, - изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски додаде дека во останатиот неискористен простор на училиштето “Толи Зордумис“, ќе се изгради мини детско игралиште, како дел од проектот 50 детски игралишта во општина Куманово.
„Со тоа на нашите најмали сограѓани комплетно ќе им го исполниме слободното време и ќе им овозможиме здраво детство“, - додаде кандидатот за градоначалник.