×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет медали за учениците од Техничкото училиште на Државниот натпревар на млади истражувачи

    22.04.2022 11:01 | Сузана Николиќ

    Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово, освојиа 9 медали на 58-миот Државен натпревар на младите истражувачи „Наука на млади“, кој минатиот викенд се одржа онлајн.

    Девет медали за учениците од Техничкото училиште на Државниот натпревар на млади истражувачи

    Во силна конкуренција на училишта од целата држава, кумановските техничари освоија три први, четири втори и две трети места. 

    Повеќе ученици се здобија и со пофалници за учеството на натпреварот.

    Прво места во категоријата биохемија освои Теодора Вељановска, за дизајн на веб страници - Кристијан Стојмановски и за примена на софтвер – Марио Анѓеловиќ.

    Вторите места им припаднаа на Анамарија Митковска во категоријата фармација, Дамјан Златановски за електротехника и електроника, Теодора Спасиќ за автоматика и роботика и Гала Арсовска за обновливи извори на енергија.

    Трети на листата се Анастасија Атанасовска во категоријата микробиологија и Матеј Додевски за автоматика и роботика.

    „Свеченото доделување на дипломите и наградите ќе биде во наредениот периодот. Натпреварот го организира Народна техника на Македонија, Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија – „Наука на младите“  и Народна техника – Куманово“, соопштуваат од училиштето. 

    Поддржано е од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија.