Дезинфицирани шталите во Гошинце
Грлата добиток се вакцинирани, а шталите во липковското село Гошинце се дезинфицирани, откако минатата недела неколку грла угинаа од болеста шушкавец.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство објаснуваат дека заболените грла се угинати, а за останатите се преземени мерки за заштита.
“Нема опасност за проширување на болеста во кумановско, бидејќи се работи за болест која не се пренесува од животно на животно. Животните кои беа заразени се угинати“-велат од АХВ.
Оваа болест се појавува кај говеда, овци и кози и се карактеризира со различна клиничка слика, но најчесто предизвикува смрт на животните. Шушкавецот најчесто се превенира со вакцинација. Преживеаниот добиток треба да се премести од местата каде што се појавила болеста и да се направи дезинфекција на одгледувалиштата.