Димитриевски избран за претседател на Советот на Североисточен регион
21.11.2017 15:02
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е избран за нов претседател на Советот за развој на Североисточниот регион.

Kонститутивната седница денеска се одржала без присуство на новинарите, а информацијата е објавена на сајтот на општината. Не знаеме дали Димитриевски добил едногласна подршка, и кои се плановите и приоритетите на новите градоначалници за развој на најсиромашниот регион во државата.
Во Советот на Североисточниот регион влегуваат општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.