Димитриевски: Очекувам победа во првиот круг
Кандидатот за градоначалника на Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски очекува да победи уште во првиот круг на локалните избори. Ова го изјави денска, по гласањето во зградта на поранешната дирекција на ЗИК.

„Очекувам победа во првиот круг и целосна подршка од електоратот, тоа го чувствувам. Ќе се вложам максимално и целосно за да го релизирам она што беше ветено досега и ќе ја насочам целата моја енергија да дадеме нов лик на Куманово, бидејќи ние тоа го заслужуваме и како град и како држава, а првенствено како народ кој ја има задолжено Република Македонија многу, - изјави Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните на демократски начин да го искажат своето мислење во однос на изборот за следниот татко на градот, и да ја дадат довербата да го води и менаџира Куманово во следните 4 години.
„Ја користам оваа прилика да им посакам успех на сите кандидати во оваа политичка борба, а воедно да побарам од сите наши граѓани да излезат масовно на избори и да го дадат својот глас за оној кандидат за којшто сметаат дека најдоследно ќе ги спроведе своите предизборни ветувања со кои излеговме пред граѓаните на Општина Куманово“, - рече Димитриевски.
Тој уште еднаш повтори дека доколку ја добие подршката на граѓаните во целост ќе ја реализира предизборната програма, притоа не правејќи разлика по партиска, верска или етничка припадност на граѓаните.
„Се надевам дека ќе ја добијам подршката да реализирам еден проект за едно ново, модерно и урбано Куманово, место за живеење на сите кумановчани, со градење на граѓански концепт“, - изјави Димитриевски.